


Секако дека секоја постапка за добивање на решение од некоја државна институција бара време и целосна посветеност на работата.
Нашето познавање на сите законски норми ќе придонесе времето за цела постапка да трае многу кратко и релативно брзо да добиете решение.

Областите во кои работиме најчесто се поврзани со некоја државна институција, како на пример : решение за увоз за биоцидни производи или детергенти, каде целата постапка се води во Министерството за здравство. Ние ја познаваме процедурата, имам познавање од законските процедури и сите потребни документи.
Со наша помош може да добиете информација за сите потребни документи, целосно ќе бидат прегледани од наша страна и во моментот кога сите документи ќе бидат приложени, во ваше име можеме да ги поднесеме сите документи во соодветното Министерство. Со тоа целата постапка ќе трае пократко, вашите камиони при увоз нема да се задржуваат подолго од потребната процедура.
Нашата мисија е да го заштедиме вашето време, како времето на нашите институции.
Ефикасноста на вашите вработени ќе биде поголема со наша помош. Дозволете ни да направиме проверка на вашата докментација и да ви заштедиме време во добивањето на дозволи.
Ќе добиете професионална услуга која навистина вреди !

